
Вечерва и утре, ќе бидат одиграни натпреварите од 4. коло на плеј-офот и плеј-аутот на ракометната Суперлига. Во рамки на плеј-офот вечерва се игра дерби меѓу Охрид и Алкалоид во „Билјанини Извори“, каде тимот од Автокоманда не смее да погреши против Охрид кој е мотивиран за триумф против тимот на Кирил Лазаров.
Утре, Бутел ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер кој ќе биде фаворит за нова победа, а пак Вардар како голем фаворит ќе игра против Тиквеш на домашен терен.
Во плеј-аутот екипата на Пролет вечерва ќе игра со Куманово. Борец ФЛ на домашен терен ја пречекува Струга во директна дерби пресметка за опстанок во ракометната елита, а пак Радовиш ќе оди по прва гостинска победа оваа сезона каде ќе се соочи со Прилеп, а радовишани ќе имаат поддршка и од навивачи, а навивачката група „Лебари“ информираше дека заминуваат организирано да даваат поддршка на клубот во обидат за прво гостинско славје.
Од Суперлигата директно испаѓа последнопласираната екипа, додека пак претпоследната екипа ќе игра бараж за можен опстанок со екипата која ќе биде втора во прволигашкиот плеј-аут на неутрален терен.
Александар Ванев, М-Нет