
Детонит Плачковица ги освои трите бодови на незгодното гостување во Арсими, каде со минимални 0:1 славеше над Арсими, а херој на мечот беше Сердар Адемов, кој погоди во 82. минута.
Во изјава за телевизија М Нет, тренерот на радовишани, Иван Варадиновски, вели дека победата над Арсими е во важен момент, а сите честитки и заслуги вели дека одат за неговите играчи.
„Сите честитки и заслуги одат за моите играчи кои покажаа се што треба да има во еден натпревар за да стигнеме до победа. ЗНачајна победа во важен момент, која треба да ни биде репрер во наредните натпревари. Уште еднаш честитки до моите играчи“, изјави Варадиновски за М Нет.
Детонит Плачковица е на петтото место со 36 бодови, а во следното коло ќе игра против Охрид на домашен терен.