Варадиновски: Одлична реакција по поразот во Тетово, против Башкими одигравме доминантен натпревар

Детонит Плачковица по големиот пораз во Тетово од екипата на Тетекс во претходното коло, веќе денес се врати на победничките патеки, откако на Градскиот стадион во Радовиш забележа голема и убедлива победа од 7:0 над Башкими, во натпревар кој гледачите на телевизија М Нет го следеа во живо преку спортскиот канал М Нет Спорт.

Тренерот на радовишани Иван Варадиновски за телевизија М Нет вели дека одиграле натпревар во кој доминирале од почеток од крај, како одговор на поразот во Тетово во претходното коло.

„Одлична реакција по она што ни се случи претходната недела, од првиот момент покажавме дека ја посаквуаме победата и одигравме натпревар во кој доминиравме од почеток од крај. Честитки и заслугите се за моите играчи“, изјави Варадиновски за телевизија М Нет.

Во следното коло Детонит Плачковица ќе гостува во Прилеп кај ланскиот прволигаш Победа.