
Вандализам на стадионот во општина Карбинци каде тренира и се натпреварува третолигашот Карбинци. Искрешени се прозорите на соблекуваните, како и столчињата од трибината, а како што велат од клубот уништена е и оградата за да минува стоката таму каде што не треба.
„Деновите сите говориме за тоа како децата стануваат хулигани, криминалци, вандали и сите се согласуваме дека тоа не се случува така, одеднаш. Од најнаивните работи, од односот кон општественото добро, од домашното невоспитување, може да се стигне до несакани појави. И децата или личностите кои нашле за интересно да ги искршат прозорците на соблекувалните на стадионот и тие кое ги кршат столчињата на трибините се нечии деца и тие кои ја уништуваат оградата за да им минува стокат атаму кај што не треба и тие се пак нечии родители. Срамно и тажно, рушење на се што е нормално и морално однесување“, се вели во соопштението на ФК Карбинци.
Наместо спортските терени да бидат место каде младите ќе се градат како правилни личности преку спортот, за жал, за некому спортските терени се мета на вандализам.
Александар Ванев, М-Нет