Вадејќи ги од рушевини и носејќи на грб до болница, младиот Јован Костадинов спасил 21 лице во кочанската дискотека

Младиот виничанец Јован Костадинов спасил 21 лице во трагедијата во Кочани. Родители денес на своите фејсбук профили информираат дека младиот Јован бил вистински херој во трагедијата, вадел лица од рушевини на дискотеката и на грб низ чадот и огнот, како што велат тие ги носел до болницата во Кочани. Мајка на дете од настраданите јавно на својот профил се заблагодари на херојот Јован, велејки дека таа му го должи животот и новото утре. Истакнува дека таа сега го добила најголемиот подарок што една мајка може да го добие, додавајки дека Јован ке остане секогаш во нејзините молитви и срце.

„Со голема благодарност и емотивна почит, би сакала да споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 деца во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот. Јован е вистински херој – младо момче со големо срце и неописива храброст, кој го ризикуваше својат живот за да спаси туѓи животи.

Јован на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит.Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца.“, соопштува мајка на својот фејсбук профил

Иван Митев, М-Нет