В петок авионско прскање против комарци во Општина Карбинци на површина од 300 хектари

Авионско прскање против возрасни комарци ќе биде спроведено во Општина Карбинци на 14.08. 2026 годиина, петок од 05-08 часот наутро. Прскањето ќе се изврши на површина од 300 хектари и тоа:

  1. 200 хектари од речното корито на Брегалница до с. Чардаклија, односно Стар Караорман
  2. 30 хектари под с. Крупиште
  3. 25 хектари по течението на Таринска река во уливот на река Брегалница над с. Радање
  4. 20 хектари по течението на Козјачка Река од уливот на река Брегалница до с. Козјак
  5. 25 хектари по течение на Аргуличка река од уливот на река Брегалница до с. Аргулица

Од Општината советуваат пчеларите за време на прскањето и по 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, поради заштита на пчелните семејства од влијанието на средствата.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Ева Тушевска, М-Нет