Букурешт денес ја обединува фудбалска Македонија

Денес започнува денот „ Д “ за македонската фудбалската репрезентација на историското Европско првенство. Ако некогаш Букурешт беше град кога Македонија беше распарчена, денес Букурешт е градот кој спортски, фудбалски ги обединува македонците распослани по сиот свет. Се е посветено на овој фудбалски спектакл на кого според првите неофицијални извештаи ќе присуствуваат околу 3000 македонски навивачи (со можност тој број да се зголеми) кои допатуваа од Македонија а веќе ги има и од останатите европски земји. Настанот е организиран според сите мерки на претпазливост за ковид 19 со напомена дека низ Букурешт има повеќе пунктови за тестирање на навивачите и добивање на неопходните „алки“. По вчерашниот исклучително дождлив ден, денес сите ние сме со поглед кон небото кое засега е бистро и да се надеваме дека ќе остане така и до самиот натпревар.

Малку разгледница и за главниот град на Романија,Букурешт кој е најголем со население од околу 1 600 000 жители, главен културен и административен центар. Градот се наоѓа на југот во Романија во провинцијата Влашка,лежи на две реки, Колентини и Дамбовици и кој според специфичната архитектура потсетува на Франција и од милина го носи називот „Мал Париз“. За крај на сите нас македонци ни останува во „орбитата на мозокот“ Палатата Национале која ќе биде мегданот на нашето фудбалското деби, натпреварот Македонија – Австрија кое ќе започне точно во 19.00 часот по романско или во 18.00 часот по македонско време.

Од Букурешт Специјално за Mnet.mk Драги Герасимов Пушка