Брзата помош Штип со полни раце работа за празниците, СВР Штип – мирно и без инциденти

Брзата помош во Штип со полни раце работа за продолжениот празничен викенд. Се реагирало на најразлични случај, од ортопедски проблеми кај граѓанте па сѐ до интервенции заради консумирање на голема количина алкохол. Радува фактот дека овој празничен викенд немало пациенти кои по постите внеле голема количина на храна и завршиле на Брзата помош.

„За време на празникот Брзата помош имаше полни еаце работа. Направени се 69 интервенции кај граѓаните, а амбулантите ја посетиле 260 пациенти. Се соочивме со најразлични симтоматологии, од ортопедски проблеми па се до кардиоваскуларни, респираторни, инфективни. Алкохолизирана состојба имаше да за време на викендот, а прејадување не сме забележале“ – вели Манов.

За разлика од Итната помош, од СВР Штип за М-Нет телевизија истакнаа дека кај нив ситуацијата била прилично мирна, што значи дека апелот вродил со плод.

„За време на празничниот викенд беше мирно, без драстични настани кога е во прашање безбедноста на граѓаните или безбедноста во сообраќајот. Нашиот апел кој беше испратен до граѓаните пред празниците вроди со плод, се почитуваа препораките, како и сообраќајната сигнализација. За сѐ останато јавноста беше навремено известена“ – кажаа од СВР Штип.

Од Итната медицинска помош Штип советуваат граѓаните да водат грижа за сопственото здрајве, да не консумираат претерано храна и алкохол и во пресрет на останатите празници.

Лаура Стојанова М-Нет