
Паднато дрво во река Брегалница во близина на мостот кај бања Кежовица ги алармираше екипите на ЈП Исар. Брзата реакција спречи несакани последици. Директорот на ЈП Исар, Александар Арсовски посочи дека се реагирале експресно брзо со цел да се спречи оштетување на мостот кај бањата.



