Бреслиева меѓу светската елита – топ 16 на јуниорскиот Мундијал во Ташкент


Младата македонска таеквондистка Душица Бреслиева од Таеквондо клуб Штип оствари одличен резултат на Светското јуниорско првенство во Ташкент, Узбекистан, пласирајќи се меѓу најдобрите 16 во светот.
Бреслиева настапот го започна сигурно, забележувајќи две убедливи победи против претставничките на Сенегал и Тунис, со што покажа високо ниво на подготвеност и квалитет. Во борбата за пласман понатаму, таа се соочи со силната репрезентативка на Русија, каде и покрај големата борбеност, го заврши својот настап.
Со овој резултат, младата штипјанка уште еднаш потврди дека припаѓа во светската таеквондо елита и дека Македонија има светла иднина во овој спорт. Нејзиниот успех претставува голем мотив за понатамошни предизвици и нови меѓународни достигнувања.