
Компанијата Брера Холдингс која поседува 90% од сопственоста на македонскиот прволигаш ФК АП Брера Струмица влегува и во женскиот фудбал во Македонија и стана стана првиот странски инвеститор во женски фудбалски клуб во нашата држава. Од неодамна ова компанија со свој капитал влезе во ЖФК Тиверија Струмица откако претходно мораше да се трансформира како Акционерско друштво согласно македонската законска регулатива. Ова значи дека во семејството на Брера и официјално има женски фудбалски клуб, а ова е уште една потврда дека женскиот фудбал во Македонија започнува да оди во една нагорна линија.
Како дел од Брера Струмица, Брера Тиверија ќе продолжи да се надоврзува на работата што претседателот на Брера Струмица, Горан Пандев ја направи во Македонија за професионализација на спортот во земјата. Тоа ќе значи дека Брера Струмица сега ќе се надоградува, засилува и пополека овој тим ќе биде уште поконкурентен, па повеќе од јасно е дека во новата сезона од Првата женска фудбалска лига Брера Тиверија ќе атакува на шампионската титула и излезот во Европа.
„Неверојатно сум возбудена за големите промени што ги правиме. Правиме голем чекор во нашата приказна за раст и стануваме дел од поголемото семејство Брера. Нашето партнерство ќе поттикне професионален раст во нашата организација и ќе обезбеди одлични услови за развој на нашите играчи Нашите играчи ќе имаат повеќе можности со припадноста на Брера, што ќе ги мотивира да работат повеќе. Станувањето Брера Тиверија ќе ни донесе поврзување со глобалниот фудбалски екосистем и ќе им обезбеди на играчите шанса да играат во странство. Исто така, ќе имаме шанса да изградиме силен европски тим во Струмица, Македонија и да го промовираме нашиот град и земја во странство“, изјави Александра Терзиски, Генерален Директор на Брера Тиверија.
Брера Струмица минатата сезона заврши на третото место на табелата, шампион беше Љуботен, а вицешампион екипата на Каменица Саса.
Александар Ванев, М-Нет