
ФК Брера Струмица официјално промовираше уште едно засилување во пресрет на продолжението од сезоната. Станува збор за 26-годишниот напаѓач Јан Коуаку од Малави, кој веќе им се приклучи на „црно-зелените“ и е дел од подготовките на тимот.
Коуаку во Брера доаѓа со меѓународно искуство, откако изминатата сезона настапуваше во прволигашот Европа Поинт од Гибралтар. Таму имаше можност да се натпреварува на европско ниво и да стекне дополнителна зрелост во својата игра, што се очекува да биде од голема корист за струмичкиот клуб.
Станува збор за офанзивец кој покрива повеќе позиции во нападот, а стручниот штаб на Брера од него очекува да донесе брзина, физичка сила и поголема ефикасност во завршницата.
Новото засилување веќе е во тренажен процес и се очекува наскоро да го има и својот прв официјален настап во дресот на „црно-зелените“.