Брера поразена од Атирау, Струга Трим Лум загуби од Лоѓ

Порази за македонските екипи Брера Струмица и шампион Струга Трим Лум на денешните пријателски натпревари во Анталија, Турција.

Струмичани со 2:1 беа поразени од Атирау, а стрелец за струмичани беше Матеј Цветаноски.

Македонскиот шампион Струга со 4:3 загуби на денешниот пријателски меч со полскиот прволигаш Лоѓ во Анталија.

Бесарт Ибраими беше двоен стрелец за стружани, а еден гол постигна и Марјан Радески.

Александар Ванев, М-Нет