Брера и Силекс во следна фаза, Брегалница елиминирана, историски успех за Детонит Плачковица!

ФОТО: М Нет телевизија

Денес се одиграа натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија, највозбудливо беше на арената во Скопје каде се соочи Вардар и бранителот на Купот титулата Тиквеш, во меч каде Дианесу со два гола обезбеди следна фаза за Вардар во Купот.

Во Тетово се соочија прволигашот Шкендија и третолигашот Шкендија од Арачиново, каде со минимални 1:0 прволигашот патува во четвртфинале со голот на Адеми во 72. минута.

Екипата на Арачиново беше единствениот третолигаш во осминафиналето од Купот на Македонија, откако направи сензација во првата фаза и го совлада Работнички.

Брера во Струмица се сретна со Беса каде по неискористените шанси на двете страни, домаќинот преку Миловановиќ дојде до 1:0, а потоа Мато во финишот на мечот ги постави конечните 2:0 со што Брера патува во следна фаза од мечот.

Арсими на Градскиот стадион во Гостивар играше против прволигашот Воска Спорт направи изненадување откако со 3:1 славеше и оди кон четвртфиналето од Купот, што за Арсими е голем клупски успех. Воска прва поведе со голот на Ларсон, а потоа домаќинот дојде до 1:1 со голот на Авдули, а до крајот преку Зеќири и Рамадани дојде до конечните 3:1.

Гостивар се соочи со штипскиот второлигаш Брегалница каде прволигашот со минимлани 1:0 го совлада штипскиот тим со автоголот на младиот Благој Хаџи-Кимов.

Во Битола се сретнаа Пелистер и радовишки Детонит Плачковица каде радовишани направија историја откако го совладаа прволигашот преку пенал рулетото откако беше 1:1 во регуларниот дел. Трајковски постигна гол за 0:1, а во вториот дел Масевски израмни на 1:1 по што се премина кон пенал рулетот.

Во првата серија за Пелистер погоди Благоја Љамчевски, а пак за радовишани погоди капитенот Иван Настевски. Во втората серија Мирко Ивановски промаши, а пак Оливер Христов беше прецизен за 1:2 во пелан серијата.

До крајот Славчо Јанев и Сухејб Рушити беа прецизи, а за Пелистер промаши Александар Ристовски.

Штипскиот стратег Горан Здравков го прероди Детонит Плачковица, кој испиша нов историски успех со пласманот во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Во Кратово екипата на Силекс го пречека Шкупи каде немаше голови во регуларниот дел 1:1, па победникот се бараше во пенал рулетот каде за Силекс прецизни во пенал-лотаријата беа Тимовски, Ѓорѓиевски и Донов, а пак за Шкупи погоди Едмундсон, а промашија Имери и Алберт.

Струга Трим Лум на домашен терен се соочи со поранешниот освојувачот на Купот, екипата на Македонија ЃП каде домаќинот беше подобар со 2:0 со головите на Таири и Кехинде.

Александар Ванев, М-Нет