
Екипата на Брегалница и покрај сета посакувана желба да го повтори минатогодишниот успех со пласман во полуфиналето на македонскиот куп,сепак не успеа. Сите надежи беа потопени овде, дома на градски во Штип толму од екипата која за чекор беше побрза и не така одамна ја претрка Брегалница и Беласица се пресели во Првата Македонска фудбалска лига. Рековме во најавата дека традиција има, мотив за фудбалска освета постои, но сето тоа да се оствари на теренот со добра игра, успешна реализација, односно со мудро и паметно извршување на задачите поставени од тренерот. Сето тоа како да недостигаше, особено реализацијата. Згора на тоа да не се постигне гол од пенал уште во првата минута е крајно неодговорно и поразително што во фудбалот веднаш се казнува. После секое промашување следи казна. А казната стигна од бразилецот Робсон Да Силва со еден едеинствен гол Беласица го истрасира патот кон шетврт-финалните куп натпревари. Нека биде ова поука за играчите на Брегалница да бидат внимателни, претпоставка е дека тие беа занесени во сигурен успех поради лошиот старт на Беласица во Првата лига а нешто слично забележавме и на мечот со Осогово. Потценување во фудбалот нема, топката е тркалеста и можни се секакви комбинации кои во овој случај со Беласица значеше елиминација од купот.За тоа сведетели беа и нашите гледачи на Мнет ТВ кои директно го проследија овој натпревар во заедничка реализација со ФФМ и се уверија во ова лошо издание на Брегалница.Сега останува Брегалница да се посвети на второлигашкиот колосек каде што води мртва трка за челната позиција со тимот на Тиквеш од Кавадарци. Имаат ист број на бодови по 20, но и овде недостига ефикасноста, гол разликата кај Тиквеш по 8 одиграни кола е 19:3 а кај Брегалница е 17:6 имајќи во предвид дека 6 голови постигнаа штипјани против Слога од Виница. Во сабота на програмата се натпреварите од редовното 9 коло во кое Брегалница на „градски“ во Штип ја пречекува екипата на Росоман која се наоѓа на 9 позиција. Тимот пак на Тиквеш ја дочекува екипата на Каменица Саса. Еве ги комплетните парови за ова 9 коло:
Осогово – Плачковица
Тиквеш – Каменица Саса
Брегалница – Росоман
Кожув – Кит Го Пехчево
Слога В – Победа
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 24 октомври со почеток во 14.30.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk