
Познати се термините за натпреварите од десеттото коло на Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се игра во три дена.
Колото се отвара на Чаир со дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум од 12 часот, два часа подоцна ќе започне натпреварот во Штип меѓу Брегалница и шампионот Вардар.
Во недела ќе се одиграат две средби. Од 12 часот во Куманово ќе се игра дуелот меѓу Башкими и Силекс, а пак од 14 часот натпреварот меѓу последнопласираниот Скопје и првопласираната Шкендија.
Колото се затвара во понеделник со натпреварот во Гостивар меѓу Арсими и Тиквеш, а кој меч започнува во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет