Брегалница мисли на иднината: Продолжена соработката со Лука Бојаџиев и Даријан Тасев

Брегалница в сабота ќе гостува кај шампионот Вардар во рамки на првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, но „сините“ продолжуваат да се екипираат за новата сезона.

Клубот од Штип мисли на иднината откако ја продолжи соработката со младите Лука Бојаџиев и Даријан Тасев.

„Со особено задоволство го потврдуваме продолжувањето на соработката со нашите млади надежи, кои со својот талент, посветеност и потенцијал претставуваат важен дел од иднината на клубот. Веруваме дека пред нив се големи предизвици, но и уште поголеми можности за напредок и докажување. Со правилна работа, труд и посветеност, тие треба да израснат во вистински столбови на клубот во годините што следуваат. Горди сме што нашата иднина ја градиме со сопствени сили и со млади играчи кои се производ на нашиот младински погон“, велат од штипскиот прволигаш.

Александар Ванев, М-Нет