
Екипите на Брегалница и Шкендија Арачиново се во најдобра форма во Втората македонска фудбалска лига според одиграното од последните пет натпревари.
Двете екипи на последните пет натпревари имаат учинок од четири победи и едно реми, со освоени 13 бодови. Штипјани имаат подобра гол разлика од 11 постигнати и три примени погодоци, а пак тимот од Арачиново има девет постигнати и два примени погодоци.
Според формата од последните пет натпревари од две екипи доминираат и затоа се на врвот од табелата и практично го делат првото место со по 20 бодови со тоа што штипјани поради подобрата гол разлика се на првото место.
Во однос на останатите екипи и нивната форма од последните пет натпревари екипата на Охрид има 11 од можни 15 бодови, а пак Скопје собра десет од можни 15 бодови. Осогово и Беласица имаат учинок од три победи победи и два порази или освоени девет бодови, а по осум екипи освоија Каменица Саса и Детонит Плачковица.
Новаци има седум бодови од последните пет натпревари, додека пак по шест бодови собраа Кожуф, Победа и екипатана Вардар Неготино. Екипата на Тетекс има четири бодови од можни 15 бодови, додека пак Големо Коњари има три бодови од последните пет натпревари.
Најлоша форма имаат екипите на Слога Виница и Преспа, овие две екипи се единствени кои на последните пет натпревари не собраа бодови од последните пет натпревари.
Александар Ванев, М-Нет