
Овој викенд браќата Фадил и Џан Назифов учествуваа на силен Меѓународен пеливански турнир во Марл, Германија, каде двајцата браќа го освоија третото место.
На турнирот учествуваат натпреварувачи од повеќе држави, се работи за турнир со силна конкуренција, каде патот до освојување на медал и навистина тежок. Браќата од Штип имаа квалитетни борби со силни противници, но успеаја да се вратат дома со медал, откако го освоија третото место.
И претходната година браќата Фадил и Џан Назифов земаа учество на овој силен турнир и постојано бележат големи резултати. Учеството на вакви силни турнири е потврда за големиот квалитет на браќата од Штип.
Александар Ванев, М-Нет