Браќата Узунчеви во Бутел и следната сезона, Младост Богданци ги започна подотовките – целта е влез во Суперлигата

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Суперлигашот Бутел Скопје за следната сезона ја продолжи соработката со младинските репрезентативеци Димитар и Тодор Узунчеви.

Браќата кои играат на позицијата лев и десек бек и минатата сезона беа дел од Бутел, а сега договорија продолжува на соработката.

Бутел Скопје веќе се засили со Петар Николоски, Архангел и Атанасиј Трсунови, голман Благојче Трајкоски кој носи големо искуство на голот, Давид Гришикашвили од Грузија, а беше продолжена соработката со Димитар Ѓоргиевски.

Екипата на Младост од Богданци ги започна подготовките за новата сезона со една цел – влез во Суперлигата.

Под водство на новиот стратег Горан Андоновски екипата од Богданци ги започна подготовките, а на првиот собир беа сите ракометари кои го засилија клубот, освен пивотот Никита Соколов од Белорусија, кој дополнително ќе се приклучи.

Клубот се засили со голманот Кристијан Костадиновски, Гоце Аргиров, Никола Димитров, Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ.

Тимот ќе се подготвува во Богданци, а дел од закажаните пријателски натпревари ќе ги одигра во Дојран.

Александар Ванев, М-Нет