
Екипата на Крива Паланка за првпат ќе игра финале каде ќе се бори за шампионска титула во Првата женска кошаркарска лига, откако тимот на Крива Паланка со победа во третиот меч над Бадел со 80:55 и конечни 2-1 во серијата обезбеди финале.
Крива Паланка веќе испиша историја, за првпат ќе биде во големото финаел, каде ќе се соочи со актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица, откако шампионот со два натпревари го елиминираше тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
Коошаркарките на Крива Паланка одлично го отворија натпреварот и веќе во првата четвртија најавија дека одат на голема победа, кога имаа предност од 25:9. На полувреме предноста беше 40:21, а до крајот Крива Паланка одигра само на рутина.
Робинсон беше најдобра кај Крива Паланка со 28 поени, Меклејни имаше 19, а капитенката Алексовска постигна 13 поени. За екипата на Бадел најдобра беше капитенката Маркоска со 13 поени, а Петрушевска имаше 10 поени.
Утре во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица ќе се одигра првиот меч од финалето меѓу бранителот Баскет Кам и Крива Паланка која ќе биде предизвикувач. Првиот финален натпревар ќе започне во 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет