
Бојкотот на вработените во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница ставен во мирување до 8 ноември. Тогаш треба да се распише осглас за именување нов директор. Вработените преку писмено соопштение до јавноста посочија дека се разочарни од односот на надлежните, но во предвид го имаат образованието на учениците и затоа го прекинуваат бојкотот.
„По неколкуте преговори и разговори со Градоначалникот и просвениот инспекторат, ние како одговорни професори имајќи го предвид правото на образование и најдобар интерес на децата решивме да отпочнеме со редовна настава и бојкотот да го ставиме во мирување до 08.11.2024 година до кога како што вети Градоначалникот Миле Петков треба да се распише Оглас за директор и да се спроведе постапката за избор на директор. Кога гледаме дека нема одговорност, ниту чувство на срам пред народот, решивме борбата за нашите права да ја продолжиме понатаму со други средства се во интерес на учениците и сите засегнати страни.“ – велат вработените.
Додаваат дека неколкупати се обиделе да му објасниме на градоначалникот дека именуваната В.Д директорка нема ниту интегритет, ниту демократски капацитет да ја раководи институцијата, а против нејзе е покрената дисципинска постапка за притисок и мобинг.
Гардоначалникот Миле Петков во претходната изјава посочи дека станува збор за времено решение и дека ќе се распише оглас на ко може да се пријават сите кои ги исполнуваат условите за да седнат во директорската фотелја во виничката гимназија.
Лаура Стојанова М-Нет