
Второлигашот Пелистер денес го промовираше Бојан Спиркоски како најново засилување за пролетниот дел од Втора лига.
27-годишникот доаѓа во Битола од редовите на прилепскиот прволигаш Победа, тој игра во нападот каде што ќе се зголеми конкуренцијата. Во својата кариера има настапувано за Силекс, Тетекс, Велешта, Брегалница, Хоризонт Турново 11-ти октомври, а има интернационална кариера во Јихлава од Чешка.
Спиркоски е еден од најзаслужните за влезот на Победа во Прва лига со своите 20 постигнати погодоци со што беше најдобар стрелец во Втората лига.