
Во една тешка година на економска криза со одлично темпо се движи динамиката за реконструкција на сите локални и регионални патишта во државата, истакна денеска на прес конференција Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Вели дека со подобрување на патната инфраструктура се намалува бројот на жртви од сообраќани несреќи по патиштата.
“Во делот на рехабилитацијата и одржувањето на патната инфраструктура, регионалните, магистрални и сите државни патишта тоа е една амбициозна програма која ја движиме во целиот изминат период и во најтешката година на најголемата светска криза успеваме сите проекти кои ги имаме се движат со најдобра динамика.“ – кажа Бочварски.
Бочварски забележува дека патишта кои во минатото преставувале опасност денеска се реконстуирани и обновени. Станува збор за патниот правец Штип – Радовиш, како и експресниот пат Штип – Кочани кој треба да биде готов до крајот на оваа година.
Активно работиме на подобрување на патната инфраструктура, експресниот пат Штип – Радовиш, 64 милиони евра санираме огромен број на црни точки на овој патен правец, или експреснио пат Штип Кочани кој ќе заврши оваа година.“ – додава Бочварски.
На ниво на државата во временски период од осум години бројот на жртви во сообраќајни незгоди е намален за 82 лица. Министерот за внатрешни работи, Спасовски истакна дека очекува оваа година бројката да биде двоцифрена.
„Пример ќе наведам 2013 година сме имале на ниво на држават 198 жртви во сообраќајни несреќи, 2021 година ја завршивме со 116, оваа година очекуваме дека би можела да заврши со двоцифрена бројка зависно од последните неколку дена од месец декември.„ кажа Спасовски.
За да се задржи безбедноста во сообраќајот потребно и граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат поставената патна сигнализација, додаде Спасовски.
Лаура Стојанова М-Нет