Борец ќе продолжи да игра во Втора лига: Нова управа и нови засилувања, стартот е закажан за утре

Иако до вчера од Велес доаѓаа информации дека Борец ќе се откаже од натпреварување во Втората македонска фудбалска лига, сепак велешката гордост ќе продолжи да игра и до последно коло ќе се бори за опстанок во второлигашкото друштво.

Во некогашниот прволигаш ќе има големи промени, ќе има комплетно нова управа, како и нов тренер, а како што дознава телевизија М Нет ќе има и нови засилувања, кои ќе треба да помогнат во единствената цел, опстанок во Втора лига.

Најлоша опција за Борец ќе биде да се обезбеди бараж со цел да се игра натпревар за опстанок во Втора лига.

Борец кој лани испадна од Првата македонска фудбалска лига, веќе утре ќе го има својот прв собир и ќе започнат подготовките, со што многу работи ќе бидат јасни околу планот на подготовките, засилувањата и пријателските натпревари.

Борец е на дното од табелата без ниту еден освоен бод со 15 порази на 15 одиграни натпревари, па во пролетниот дел ќе биде повеќе од тешко Борец да го задржи второлигашкиот статус.