
Борец потешко од очекуваното го совлада Питу Гули со минимални 1:0 на домашен терен, а единствен стрелец за велешката гордост беше Стефановски.
Големо Коњари на домашен терен до 2:1 славеше над Марена. Коцев во 19. минута го отвори резултатот за водство на Марена од 0:1, а по три минути Митрески израмни на 1:1.
Во финишот на мечот Сркески постигна гол за пресврт и победа на домаќинот од 2:1.
Превалец во вториот дел го доби Младост во Кривогаштани со 0:2 со головите на Гаштев и Стојанов.
Во локалното дерби на некогашните второлигаши во Градско екипата на Локомотива загуби со 2:3 со Росоман.
Јованов во 7. минута обезбеди водство за гостите, а пак Шабаноски израмни на 1:1, додека Костовски во финишот погоди за пресврт.
Во вториот дел Петров израмни на 2:2, а Миланов постигна гол за конечни 2:3 и победа на Росоман.
Нов пораз за тимот на Бучин кој дома загуби со 2:3 од екипата на Слога.
Павлоски и Вурмески беа стрелци за домашниот тим, за гостите првиот гол го постигна Угљанин, а пак искусниот Музафер Алиоски беше двоен стрелец и асистент на првиот гол.