
Денес беа одиграни натпреварите од 3. коло од Третата лига – Југ, а оваа рунда донесе многу погодоци.
Најубедлива победа забележа Локомотива која во Градско со 5:0 славеше над Бучин, а до триумфот стигна со погодоците на Робин Шабаноски и Денис Мемков кои стрелаа по една, а двојни стрелци беа Агуш Шабаноски и Марјан Стефановски.
Некогашниот прволигаш Борец со високи 4:0 го декласираше составот на Росоман на домашен терен, во меч каде Трајков беше двоен стрелец, а по еден гол забележаа Чичевски и Коџабанов.
Висока победа од 1:4 запиша и Слога која славеше над новајлијата Ударник на гостински терен. Составот на Ултрас беше инфериорен особено во второто полувреме, кога Слога преку пресврт ја „искина“ мрежата на противникот.
Свртиновски постигна гол во 55. минута за 1:0, а по шест минути Музафер Алиоски израмни на 1:1. Не требаше многу веќе во 69. минута Белмин Кујовиќ постигна гол пресврт и водство од 1:2. Алиоски со втор гол зголеми на 1:3, а во 83. минута Адмир Угљанин ги постави конечните 1:4.
Питу Гули се „сопна“ на гостувањето кај Големо Коњаре, каде беше поразен со минимални 1:0, а за домашниот тим единствен стрелец во 59. минута беше Мустафа Селманоски.
Превалец и Марена ги поделија бодовите играјќи 1:1 во натпревар каде двата погодоци беа постигнати во вториот дел.
Пеце Стојанов во 57. минута постигна гол за 1:0 и водство на домашниот тим, а во 70. минута Дарко Нацев погоди за конечни 1:1.