Борачите на Балканец ќе настапат на традиционалната Меѓународна ревија „Македонски бисер“

Градот Струмица ќе биде домакин и технички организатор на традиционалната ревија во борење „Македонски бисер“. Оваа ревија е со респектабилен карактер и отсекогаш ги привлекувала најдобрите борачи од Балканот, па и пошироко од Европа. На годинашниот бисер ќе настапат борачи од Македонија, Русија, Албанија, Косово, Бугарија и Србија а меѓу нив ќе бидат и повеќемина борачи на боречкиот клуб Балканец од Штип. Според информациите од тренерот Бобан Данов на Македонскиот бисер ќе настапат следните борачи на Балканец:

57 кг. Стефан Штериев

61 кг. Владимир Егоров

74 кг. Серхан Шаќиров

79 кг. Дејан Митров

92 кг. Стојан Ефтимов

92 кг. Фадил Назифов

Македонскиот бисер ќе се одржи утре, сабота кога претпладнето ќе се одржат елиминаторните борба за да во вечерниот термин се одржат финалните борби по кое ќе се прогласат најдобрите борачи како и носителот на трофејот, победник на Македонскиот бисер.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk