Боево гаѓање во понеделник на стрелиштето Пенуш во Штип – апел за претпазливост

Во понеделник ќе се спроведе боево гаѓање на стрелиштето Пенуш во Штип, во периодот од 08 до 17 часот.
Секторот за внатрешни работи Штип ги известува граѓаните дека во овој термин ќе се изведуваат самите активности и апелираат граѓаните да не се движат кон и околу стрелиштето за време на гаѓањето, со цел да се избегнат опасности и да се обезбеди нивната безбедност.

,,Секторот за внатрешни работи Штип ги известува граѓаните на Штип дека на 24.11.2025 (понеделник) во пеиодот од 08:00 до 17:00 часот на стрелиштето Пенуш во Штип ќе се изведе боево гаѓање. Од тие причини апелираме до граѓаните на Штип во наведеното време да не се движат кон и околу стрелиштето.“, велат од полицијата


Од СВР Штип повторно апелираат граѓаните да го почитуваат предупредувањето и да го избегнуваат овој реон за време на боевото гаѓање.

Иван Митев, М-Нет