Богдан Радивојевиќ стави потпис на нов договор со шампионот Еурофарм Пелистер

По одличната прва сезона и освоената шампионска титула, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и поранешниот европски првак, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.

Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите и битолчани. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката со македонскиот ракометен шампион за уште една сезона, па така тој во Битола ќе остане до јули 2025 година.

Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.

Еурофарм Пелистер две години по ред ја освојува шампионската титула во домашното првенство, а сега работи на ростерот за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет