
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига екипат на Беса од Добри Дол работи на ростерот за новата натпреварувачка сезона.
Како што дознава телевизија М Нет искусниот голман Костадин Захов ќе биде нов чувар на мрежата на новиот прволигаш беса
36-годишниот искусен голман пролетниот дел од сезоната која заврши ја помина во дресот на Воска Спорт од Охрид, а во својата кариера струмичанецот настапуваше за Брегалница од Штип, Шкендија, Хоризонт од Турново, Вардар и Беласица.
Беса ќе прави сериозен и конкурентен тим со кој ќе се бори за висок пласман во Првата македонска фудбалска лига, а ќе се цели и кон освојување на Купот на Македонија, со што Беса ќе може да обезбеди и „виза“ за излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет