
Празникот Св Троица традиционално и оваа година ќе се прослави со пригодна манифестација во село Таринци. За таа цел се организира богата музичка програма која се очекува дека ќе го задоволи вкусот на посетителите. Оваа година главна ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Лозаноски. Сите заинтересирани ќе имаат можност сите во еден глас да ги пеат песните на концертот на Лозаноски.
„Во пресрет на празникот Св Троица ова е вториот празник кој што го празнуваме, практично село Таринци во општина Карбицни, ќе имаме исто така богата музичка програма. Она што сакам да го најавам за јавноста е дека во сабота во пресрет на празникот ќе можеме да бидеме сведоци на една музичка прослава. Односно во селото Таринци ќе се одржи концерт каде што главна ѕвезда на вечерта ќе биде Влатко Лозаноски“ вели Паунов
Концертот ќе се одржи на ден сабота 22 јуни со почеток во 21:00 часот во село Таринци. Во оваа прилика градоачалникот Паунов упати јавна покана до сите заинтересирани граѓани да дојдат и да бидат дел од една незаборавна музичка прослава. Со тенденција традицијата да продолжи и во иднина
„Покана до сите кои што сакаат да го проследат концертот да ни бидат гости во пресрет на овој празник да бидат присутни во село Таринци од 21:00 часот во сабота. Очекувам навистина голема посетеност оваа вечер и традиционално овој празник втора година го прославуваме и во село Таринци. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи понатаму“ посочи Паунов
Градоначалникот Паунов очекува голема посетеност . Претходно по повод празникот Спасовден во општина Карбицни се организираше музички настан каде главни ѕвезди на вечерта беа познатата македонска музичка група „Некст тајм“.
Лаура Стојанова, М-Нет