Благојче Дамевски ќе биде тренер на Победа во пролетниот дел од Прва лига

Откако Бобан Бабунски се раздели со Победа и го превзеде Пелистер, прилепчани денес го назначија Благојче Дамевски за нов шеф на стучниот штаб на Победа.

Дамевски ќе ја води Победа во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига и ќе се обиде да обезбеди опстанок во елитата. Инаку, Дамевски му беше помошник на досегашниот тренер на Победа, Бобан Бабунски.

Дамевски официјалната прозивка на тимот ќе ја направи во понеделник на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Во следните денови ќе биде познато околу засилувањата и со каков ростер ќе влезе Победа во пролетниот дел каде единствена цел ќе биде опстанок.

Победа презимува на деветото место на табелата со 13 бодови, а во првиот пролетен меч прилепчани на домашен терен ќе се соочат со Работнички.