БК „Пинк Пантер“ со „жетва“ на медали на Државното првенство во Скопје

Штипските боксери предводени од тренерот Димитар Ташков успешно го презентираа штипскиот бокс прикажувајќи одлични борби и се закитија со повеќе медали. Во текот на вчерашниот ден беа освоени две златни и една сребрена медалја. Со златни медалји се закитија Алиџан Демиров кој во финалето го победи Димитар Ѓорески и Мила Ѓоргиева која во финалето беше поуспешна од Викторија Славовска.

Сребрен медал во својата категорија освои Сандра Ѓоргиева која во финалето загуби од Ана Мицевска. Денес во финалните борби златен медал освои Зија Мамудов кој го победи Филип Ивановски а Ресул Мамудов во финалето загуби од Илхан Оземи и освои сребрен медал. Златен медал денес освои и Александар Панов.Инаку мора да споменеме дека заслуги за успехот припаѓаат и на помошникот на Димитар Ташков, Мејдим Бајрам кој дава се од себе во креирањето на формата на младите боксери. Според информациите од присутните штипски учесници , ова Државно поединечно првенство мина со голема фалинка од страна на организаторот која се однесува на националните обележја на Македонија, без интонирање на химната и без државни знамиња што остава непријатна дамка кај овие млади натпреварувачи идни репрезентативци на својата земја.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk