
Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип заокружи уште една успешна сезона откако ја освојува шампионската титула на Опен Балкан лигата во конкуренција на Олимписки надежи. Во рамки на последното десетто коло на оваа меѓународно натпреварување кое се одржа во Охрид, штипските „пантери“ уште еднаш потврдија зошто зад себе имаат одлична и застануваат на врвот во конкуренција на 67 клубови.
Тренерот Петар Чурлиновски е задоволен од тоа што се покажа, велејќи дека првата шампионска титула била потешка бидејќи настапиле со млади и неискусни боксери, но затоа сега имаат искуство со кое ја добија и втората шампионска титула односно ја одбранија ланската титула.
„Иста е тежината како што беше во претходната година освојување на титулата на Олимписки надежи така и оваа, може да се кажаме дека потешко беше во првата година бидејќи таму почнав со помлади и неискусни боксери. Со завршувањето на првенството за 2025 година и освојувањето на таа титула, оваа година пак продолживме во истата лига, меѓутоа сега настапувавме со поискусни боксери. Боксери кои стекна боксерско искуство претходната натпреварувачка сезона, а тоа се покажа како клучно уште на самиот старт на првенството на Опен Балкан, каде боксерите на Пинк Пантер од самиот почеток во првите кола, направија голема разлика на табелата“, вели Чурлуновски за М Нет телевизија.
Младите боксери кои акумулираа големо искуство во изминатите две сезони од следната година ќе преминат во сениорска и младинска конкуренција, но Чурлиновски вели дека и тука ќе се борат за висок пласман.
Мухамед Мемедов и Зулфикар Бајрам се закитија со златни медали, додека Кристијан Штрков освои сребрен медал. Свои настапи имаа и Езел Шабан, Али Расимов, Лазар Димитров, Иса Бајрам и Ненад Наков, кои забележаа одлични борба за потврда на успешната сезона на Пинк Пантер.
„Следната сезона со оглед на тоа што боксерите преминаа во повозрасна конкуренција сега ќе настапуваат на Опен Балкан купот за сениори и младинци. Сметам дека и тука ќе биде трката за што повисок пласман на БК Пинк Пантер“, дополни Чурлиновски.
По завршување на Опен Балкан лигата клубот се насочува и кон домашните обврски за што течат веќе подготовките.
„Активностите на боксерскиот клуб Пинк Пантер не престануваат, следува поединечното првенство на Македонија во екипна конкуренција во Куманово“, дополни искусниот стратег.
Со многу напорна работа и посветеност Пинк Пантер зад себе испиша уште една успешна сезона во Опен Балкан лигата во категорија Олимписки надежи.
Александар Ванев, М-Нет