БК Олимпија од Штип се врати со големи успеси од Балканското првенство во Скопје со златен, сребрен и два бронзени медали!

Боречкиот клуб Олимпија од Штип забележа големи резултати на Балканското првенство во Скопје, каде борачите на штипскиот клуб освоија еден златен, еден сребрен и два бронзени медали.

Борачката Андреа Нисева по трети пат стана балкански шампион, откако претходно балкански шампион стана во Романија, а потоа и го Грција, додека пак годинава по трет пат во Скопје.

Првата балканска титула за Нисева беше во Романија во категорија до 46 кг, потоа во категорија до 54 кг во Грција ја освои втората балканска титула, а сега и на 62 кг во Скопје.

Пред успешната млада борачка Нисева претстојат уште спортски настани за тековната година.

Анастасија Трајчева на Балканското првенство го освои бронзениот медал.

Александар Миланов загуби во финалната борба, а со тоа го освои сребрениот медал.

Младиот борач Филип Тодоров на Балканското првенство направи успех со тоа што го осови третото место односно освои бронзен медал.

Младите борачи се максимални посветени на подготовки и тренинг, а тоа резултира постојано со одлични резултати на големите натпреварувања.

Александар Ванев, М-Нет