Евроспорт Куп: Црвена Ѕвезда победник во две генерации, Форца беше најдобра во генерација 2015

Изминатиот викенд се одржа големиот Меѓународен турнир „Евроспорт Куп“ во организација на ФК Куманово Евроспорт, а на кој учество земаат генерациите 2013, 2015 и генерација 2017.

На турнирот покрај екипите од Македонија учество земаа и големи Балкански и Европски фудбалски гиганти.

Во генерација 2013 победник беше Црвена Ѕвезда откако во големото финале славеше над Порто со што португалскиот тим заврши на второто место, а пак во мечот за трето место Чукарички беше подобар од ЦСКА Софија, која пак беше четврта.

Во генерација 2015 во финалето Форца беше убедлива над Овче Поле, со што тимот на Форца стана победник во оваа генерација, а пак екипата од Свети Николе беше на втора. Во мечот за трето место Гроздановски славеше над Куманово Евроспорт, со што домаќинот го освои четвртото место.

Во најмалата генерација односно 2017 победник беше Црвена Ѕвезда откако славеше во финалето на Хлапетата, а пак во мечот за трето место Азури беше подобар од Форца, која пак заврши на четвртото место.

Медали и пехарите ги доделуваше и голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, кој сега е голман на шпанска Валенсија, па тоа беше момент и за младите фудбалери да го запознаат македонскиот голман и да се фотографираат со голмаот на Валенсија.

Претходно се одржа турнирот за генерации 2012, 2014 и 2016, а натпреварите од овој голем Меѓународен турнир можевте да ги следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт.

Александар Ванев, М-Нет