
По повеќе од една деценија денеска се бетонираше крак од главната улица која води кон црквата Света Недела во Штип. Активностите на терен за подготовка на улицата за бетонирање започнаа пред еден месец, а предвидено е да се работи и на санација на целата улица, а не само на еден крак. Жителите се задоволни, велат кончено по подголго време ќе биде санирана и нивната улица, децата нема да одат по кал во училиште, а ќе може да доаѓа и такси возило.

Проектот вреден 2,5 милиони денари е на Општина Штип, Министерството за транспорт и врски и организацијата Ромалитико. Целта на проектот поделен во три фази е и овој дел од градот да добие современ изглед, а и населението да не се движи по кал и земја.
Лаура Стојанова М-Нет