
На 13 ноември Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Летонија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а овој меч ќе биде последен домашен натпревар за нашата репрезентација за 2025 година.
Фудбалската федерација на Макдонија одлучи влезот да биде бесплатен за сите навивачи, кои ќе сакаат да го проследат натпреварот.
„Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер. Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за последниот квалификациски меч против Велс во Кардиф“, велат од ФФМ.
За Македонија овој меч ќе биде како еден вид и подготовка, бидејќи на 18 ноември ќе играме против Велс во Кардиф, во последниот квалификациски натпревар за Светското првенство.
Александар Ванев, М-Нет