
Третолигашот Беса од Сарај официјално го потврди ангажманот на Јусуф Алиу, кој ќе биде ново и значајно засилување во средниот ред за претстојниот период.
25-годишниот борбен играч за врска во Беса пристигнува од БВК Коњаре, а зад себе има богато искуство стекнато во повеќе домашни клубови. Во својата досегашна кариера, Алиу настапуваше за Шкендија Арачиново, ФК Шкупи, Велазерими, ГФК Охрид, Беса Добридол, Тетекс и Детонит Плачковица.
Од таборот на Беса нагласуваат дека Алиу доаѓа како фудбалер кој треба да внесе енергија, борбеност и стабилност во средниот ред, со карактеристики како трчање без компромис, силна игра во дуелите и смиреност со топка. Клубот очекува тој да биде важен дел од тимот и да даде максимум за боите и грбот на Беса.