
Второлигашот Беласица го претстави Мартин Алаѓозовски како нов тренер на клуб, кој ќе го води во новата сезона, кој паралелно работи како помошен тренер во младинските репрезентации на Македонија.
Алаѓозовски во својата тренерска кариера работеше во младинските категории на АП Брера Струмица, каде освои повеќе шампионски титули и Куп трофеи.
Во 2025 година беше назначен за шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица, со што имаше дебитантски чекор во својата тренерска караиера во Првата македонска фудбалска лига.
Од Беласица го опишуваат новиот тренер како тренер познат по офанзивниот стил на игра и работа со млади фудбалери.
Беласица новата сезона во Втора лига ја отвара против Осогово на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет