
Струмичкиот второлигаш Беласица ги претстави првите две летни засилувања за новата сезона, станува збор за Димитриј Димитриевски и за Лука Варошановски.
Димитриевски покрива повеќе позиции како крилните позиции и офанзивен играч за врска, што ќе биде одлично освежување во ростерот на Мартин Алаѓозовски. 23-годишниот фудбалер во Беласица доаѓа од редовите на Охрид.
Варошановски во Беласица доаѓа од таборот на Кожуф од Гевгелија, се работи за играч од средината на теренот, кој може да игра и како централен дефанзивец, а кој исто така е репрезентативец на Македонија до 19 години и се очекува да донесе свежина во тимот на Беласица.
Во следниот период се очекува уште засилувања во тимот на Беласица, а новата сезона во Втора лига која стартува на 15 август, струмичани ја отвараат против Осогово на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет