Без греење, соодветна хигиена и во нехумани услови живеат над 260 лица во старото нервно одделение во Штип

Без хигиена, без храна и облека живеат граѓаните во страто нервно одделение во Штип. Од 2011 година до денес велат немаат соодветно греење, немаат тоалети, па секојдневно се борат да преживеат и да си обезбедат себе си и на своите деца барем еден оброк во текот на денот. Само две од децата одат на училиште, останатите се без образование. Родителите велат немаат услови да ги пуштат своите деца на училиште, бидејќи нема хигиена, немаат облека, ниту храна.

„Ние кога се поплавивме во 2011 година бевме во старата кланица, таму седевме, поплавивме се, и требаше овде да бидеме најмногу една година, а ние сме веќе 13 години. Условите се катастрофа. Хигиената, тоалетите, некој нашол некој болјер на старо, некој нема ич.“ – вели Реџеповски.

Речиси никој од нив нема постојана работа, живеат од социјално кое го земаат, па собираат пластични шишиња за да добијат денар плус за парче леб. Дел од нив велат способни се за работа, па бараат вработување за да можат да го средат својот тежок живот.

Светлина во нивното секојдневие дава ветувањето од надлежните дека ќе се изградат типските куќи во Света Недела со што тие ќе го решат своето станбено прашање и ќе добијат топол дом и кров над глава. Проектот за изградба на типските куќи во Штип веќе започна, а граѓаните се благодарни што во ова време некој мисли и на нив.

Додека да се преселат во новите типски куќи, жителите од старото нерво одделение имаат потреба од храна, облека и средства за хигиена. Тие се со статус бездомници однонсо лица кои се привремено згрижени. Овде живеат 41 семејство, односно над 260 лица, од кои над 100 деца.

Лаура Стојанова М-Нет