Без вода денеска делови од општините Чаир и Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф-150 мм на улицата Цветан Димов бб (кај Хатунџук џамија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Фан Ноли, Чаирска, Јајце, Челопек, Аврам Писевски, Зеф Љуш Марку, Бајрам Шабани и ул.157, општина Чаир.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на приклучок од Ф-150мм на улицата 1657 / 7 во населба Хиподром и стопирање на мрежа од Ф-100мм на улицата Благоја Стефковски бб (на последна атобуска 50ка) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Маџари, новата населба Хиподром а со намален притисок ке биде Трубарево, општина Гази Баба.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Текстот Без вода денеска делови од општините Чаир и Гази Баба е превземен од МАКФАКС.