Башкими се засили со младиот и талентиран Шабан Мемети

Второлигашот Башкими за пролетната полусезона се засили со младиот и талентиран Шабан Мемети.

Младиот играч за првпат ќе заигра во сениорскиот фудбал, а во Башкими доаѓа од Работнички каде играше во младинската суперлига. Мемети потекнува од Куманова-Милано.

18-годишникот веќе е на располагање на тренерот Баже Јанакиевски.

Башкими есенскиот дел го заврши на 12. место со 18 бодови, а пролетната полусезона ја отвара против Охрид на „Билјанини Извори“.

Александар Ванев, М-Нет