Башкими на соочување во Купот против Силекс, Брегалница оди кај Работнички, Шкендија Арачиново со Пелистер

Утре продолжуваат натпреварите од осминафиналет од фудбалскиот Куп на Македонија, а на програмата ќе бидат четири натпревари, а осминафиналето се комплетира дури на 19 ноември.

Утре ќе има прволигашко дерби на Башкими и Силекс во обид на двете екипи за пласман во четвртфиналето, уште едно прволигашко дерби на Македонија ЃП и Струга Трим Лум за пласман во следната рунда.

Работнички на домашен терен ќе игра против второлигашот Брегалница од Штип, додека пак второлигашот Шкендија Арачиново ќе се соочи со прволигашот Пелистер.

Во среда актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар ќе игра против второлигашот Новаци, каде Вардар е голем фаворит.

Колото се затвара дури на 19 ноември со натпреварот меѓу Шкендија и Тиквеш.

Инаку, досега од осминафиналето се одиграа само два натпревари, а истите беа одиграни пред речиси еден месец односно на 24 септември, кога Детонит Плачковица со минимални 0:1 ја доби Беласица и така радовичани се чекираа во четвртфиналето, а пак второлигашот Охрид со убедливи 3:0 го доби прволигашот Шкупи, па така охриѓани заедно со радовишани се во четвртфиналето и ќе ги чекаат останатите патници за комплетирање на осмифиналето, а со тоа да бидат познати сите четвртфиналисти.

Инаку, доколку нема победник во регуларниот дел на осмифиналните натпревари, директно се изведуваат пенали.

Александар Ванев, М-Нет