Башкими го промовираше Луис Рибеиро како ново офанзивно засилување

Фудбалскиот клуб Башкими 1947 официјално го претстави Луис Рибеиро како нов фудбалер на тимот, откако беше постигнат договор за негов трансфер од редовите на ФК Шкупи.

Рибеиро во Башкими доаѓа со очекувања да донесе дополнителен квалитет во офанзивната линија, а од клубот истакнуваат дека станува збор за фудбалер со солидно искуство и потенцијал, кој може значајно да придонесе во реализацијата и напаѓачката игра на тимот.

Раководството на Башкими верува дека новото засилување ќе биде важен адут во продолжението од сезоната, особено во делот на создавање шанси и зголемување на ефикасноста пред противничкиот гол.

Од клубот му посакаа добредојде на Рибеиро и многу успех во „црно-зелениот“ дрес, со надеж дека неговото доаѓање ќе донесе позитивен импулс и подобри резултати во натпреварите што следуваат.