Башкими го доби дербито со Арсими, Брегалница има плус три од нив, на врвот Шкендија со бод повеќе од Струга, Вардар заостанува зад лидерот

Вардар го загуби дербито од Струга Трим Лум и по вторпат годинава и сега има минус шест бода од врвот, Брегалница останува на седмата позиција со плус три во однос на Арсими и Башкими, штипскиот тренер Иван Варадиновски освои бод со Скопје.

Марјан Радески е херојот на Струга Трим Лум, со неговиот гол стружани со минимални 0:1 го добија дербито со шампионот Вардар, со што сега „црвено-црните“ имаат минус шест бода од врвот, а пак Струга Трим Лум е на минус еден.

Ова е втор меч во низа на Вардар без триумф, пред поразот од Струга, ремизираше во дербито со Шкендија без голови.

Следното коло носи ново дерби меѓу Струга и Шкендија, директна пресметка за првото место, а двете екипи во истата влегуваат победнички, откако Шкендија славеше во Штип со 1:2.

Силекс мораше да се задоволи само со бод на „Железарница“, откако одигра 0:0 против Скопје, „пиратите“ под водство на штипскиот тренер Иван Варадиновски освоија прв бод за вкупно четири, но Скопје останува на дното со четири бодови и единствен тим без триумф.

Силекс пропушти можност да се доближи до третата позиција, тие два бода од Автокоманда ќе направеа дополнително стеснување од петтото до третото место.

Башкими го доби Арсими пред домашната публика со што сега двете екипи имаат по десет бода израмнети на осмото место на табелата, а овој резултат оди во прилог на Брегалница, бидејќи „сините“ имаат плус три во однос на двете екипи, но тоа, пак, прави притисок сега меѓу дури четири екипи во трката за опстанок, ако Скопје во следните кола не започне со победи и освојување на бодови за да фати приклучок за опстанок, во секој друг случај ќе биде надвор од таква комбинација.

По 12 кола на лидерското место на табелата во ПМФЛ е Шкендија со 27 бодови, Струга е втора со 26 бодови, Тиквеш е трет со 21 бод, колку што има и Вардар кој е четврти. На петтото место е Силекс со 17 бодови, следува Шкендија Арачиново со 15 бодови како шеста.

На седмото место е Брегалница, штипјани од дванаесет меча собраа 13 бодови, Арсими и Башкими го делат осмото место со по десет бодови, а на дното е Скопје со четири бодови.

Александар Ванев, М-Нет