
Поставени неколку базени во село Софилари, штипско, со цел да се црпи вода и да се дејствува во насока на гасење на пожарот на Серта. Се интервенира од копно и од воздух, вклучени се повеќе институции, а испратени се и ер трактори. Во близина на Радовиш од утринава се испратени и четири хеликоптери. Стојанче Ангелов посочи дека помош има и од останитете држави и се дејствува на гасење на сите позари на територија на државата.
„Четири хеликоптери полетаа кон планината Серта, во близина на Радовиш. Таму упативме два големи армиски хеликоптери, еден полициски и еден црногорски хеликоптер. Пред малку на аеродромот слетаа два авиони од Романија“ – вели Ангелов.
Дека ситуацијата е алармантна посочи и градоначалникот на Општина Штип. Вели дека сите надлежни институции се на терен и се реагира со цел пожарите да не се префрлат кон населените места.

„Состојбата е алармантна, морам да истакнам дека без дејствување од воздух нема да може да се стави пожарот под контрола. Пожарникарите и останатите институции се на терен да не се дозволи ширење на пожарите кон населените места.“ – додаде Јорданов.
Во меѓувреме координативни состаноци се одржуваат постојано со цел да се реагира навремено и да се стават под контрола пожарите. Директорот на ЦУК уверува дека нема опасност за населените места.
Во гасењето на пожарите се вклучени трите ер трактори, два армиски хеликоптери, еден полициски хеликоптер. Помош пристигна од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Романија. На терен се и пожарникарите, 100 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата.
Лаура Стојанова М-Нет