Баже Анакиев ќе биде новиот советник во Советот на Општина Штип, Душко Иванов заминува во Собрание

Баже Анакиев ќе биде новиот советник во Советот на Општина Штип, кој доаѓа на местото на Душко Иванов. Ова како одлука ќе се применува од надредната седница на Советот, додека Иванов вчера присустуваше на последната седница како советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

„Имав можност да бидам дел од оваа Советничка група на советници во Општина Штип, координатор на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, советници кои со својата работа во Советот покажаа чесност и одговорност, покажаа дека не се сите исти и може да се работи во интерес на нашите сограѓани кога се сака. Покажаа дека коалицијата со граѓаните на нашиот Штип може да функционира. Барањата на граѓаните се обврска и услуга која треба да ја обезбедат институциите Градоначалник и Совет на Општина Штип. Ви благодарам колеги, благодарност и до Службата за поддршка на Советот, знам дека ќе продолжите чесно, одговорно и посветено!“ – напиша Иванов на својот фејсбук профил.

Ваквите промени се заради изборот на Душко Иванов за пратеник во Собранието, позиција која ја доби согласно последните парламентарни избори кои се одржаа на 8 Мај. Уверението за пратеник е подигнато од страна на партија, а според привични информации конститутивната седница треба да се одржи на 28 мај во вторник. Со тоа престанува мандатот на Иванов како советник во Советот на Општина Штип, а во мирување се става и неговата работа во Агенцијата за електронски комуникации. Иванов во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочи дека во план е да ја задржи функцијата како Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. За оваа функција тој беше избран на 4 мај 2022 година и мандатот е со траење од четири години, до 2026 година.

Инаку, Душко Иванов беше советник во Советот на Општина Штип од октомрви 2021 година кога се одржаа локалните избори. Ова е прв негов мандат како советник, а воедно беше и координатор на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Лаура Стојанова М-Нет